„Литература.мк“ со понуда за сите новогодишни желби

Со попусти до 60 отсто, подароци и музички настапи почнa новогодишното прославување во книжарниците „Литература.мк“. Во акцијата „За сите желби...“, која почна на 10 декември 2022 и ќе трае до 8 јануари 2023 година, има специјални празнични понуди на едукативни пакетчиња за деца, намалувања на цените на книги и пакет книги, како и на различни производи од повеќе брендови, кои се идеален новогодишен подарок.

Овие празници изненадете ги вашите најблиски, пријателите и соработниците со некои од најбараните книжевни наслови за секоја возраст и од секој жанр, во издание на „Арс Ламина“.
Каталогот со новогодишната понуда можете да го разгледате на следниот линк.

Попустите на книгите важат во сите книжарници на „Литература.мк“, како и за нарачките онлајн преку http://www.literatura.mk.

Едукативните новогодишни пакетчиња се наменети за деца на возраст до пет години, како и за над пет години. Тие се исполнети со новогодишни книги и сликовници, боенки, изданија со загатки, едукативно-забавни игри, боички, разделници, честитки и многу други производи специјално избрани за соодветната возраст. Пакетчињата се со уникатно новогодишно книжно или платнено пакување.
Ова е период на подарување и споделување на убави моменти, а покрај книгите, во книжарниците на „Литература.мк“ се достапни и украси, декорации и други подароци.

Со купен еден производ од брендот „Cerda“, следува втор производ од истиот бренд на подарок. На новогодишно намалување од 20% се играчките за конструкција на автомобили, авиони и градби од „Engino“ и едукативните играчки од „Matador“, како и дизајнерски производи од „Gingko“ и одредени производи за домот од брендот „Alessi“.
Со 30 отсто попуст се коцките за деца од „Cogo“, како и дизајнерските производи за домот од LEXON, „Fundamental“ и „CV Cristal“. На намалување до 40 отсто се уникатните производи од „Baci Milano“.
Сите овие производи се достапни во „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ и во „Ист гејт мол“.

Дополнително, спроти новогодишните празници, под мотото „Литература.мк – за сите желби“, почнуваме серија настани што ќе ви приредат богато празнично искуство исполнето со одлична музика. Во „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ и во „Ист гејт мол“ се одржува музичкиот настан под називот „Late Matinée“, со познатиот џез-вокалист Џон Илија Апелгрен. Првата џез-средба се одржа на 11 декември, во „Кафе Литература“ („Литература.мк суперстор“) во „Скопје сити мол“. Следното матине ќе се одржи на 13 декември (вторник), во 18 часот, во „Кафе Литература“ во „Ист гејт мол“. На настаните може да се набави првата книга на  Апелгрен, „Забранети луѓе“, што е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

ПР објава