Ливерпул изгуби три пати откако 10-годишниот фан на Манчестер Јунајтед му напиша писмо на Клоп
Од почетокот на минатата недела, Ливерпул изгуби три пати во натрпеварите од оваа сезона.
Одеднаш, големата екипа на Ливерпул и моќниот Клоп изгуби три од нивните последни натпревари во три различни натпреварувања, и не даде ниту еден гол.
Што се случи? Можеби сето тоа е поради 10-годишниот фан на Манчестер Јунајтед, Дараг Крли.
Минатиот месец, малиот фан од Ирска, му напиша писмо на Јирген Клоп во кое бара Ливерпул да изгуби.
- Ливерпул победуваат во сите натпревари. Ако победите и во наредните 9 меча ќе бидете најдобриот непобеден тим во Англискиот фудбал. Како фан на Јунајтед тоа многу ме растажува. Ве молам следниот пат нека изгубат. Дозволете да победи некој друг тим. Се надевам дека ве убедив да не победувате повеќе во лигата ниту во другите мечови повеќе- пишува во писмото на фанот на Јунајтед.
Тренерот на Ливерпул, врати на ова писмо со извинување дека не може да гарантира дека ќе ја оствари неговата желба, но дека секако ќе изгубат, со оглед на тоа дека станува збор за фудбал.
Но Клоп сигурно не очекуваше дека неговиот тим ќе изгуби три натпревари за толку краток период. Оттогаш Ливерпул изгуби 1-0 од Атлетико Мадрид, 3-0 од Ватфорд и вчера 2-0 од Челзи.
Liverpool have lost three of their last four games since this Manchester United fan asked Jurgen Klopp to stop them winning
— Metro Sport (@Metro_Sport) March 4, 2020
This kid deserves a statue outside Old Trafford pic.twitter.com/AAoio9o3jB