ЉУБЕ БОШКОВСКИ ВО ЗЕЛЕНО ПАЛТО, МАРТИН ВУЧИЌ СО ШИШКИ: Какви биле познатите во младоста?

Домашните познати личности на своите профили на социјалните мрежи од време на време знаат да се присетат какви биле како помлади. Дел од нив со носталгија се сеќааваат на некои поинакви времиња. 

Еден од нив е нашиот најтрофеен фудбалски тренер Ѓоко Хаџиевски. Тој ни испрати фотографија од раните деведесети, на отварање на скопскиот ноќен клуб „Метропол“ . На сликата, Ѓоко е со познатиот скопски угостител Кире Костовски- Кристијан, а до него иако слабо се гледа е поп-пејачката Ребека. Зад Ребека, на фотографијата е „уловен“ и Игор Џамбазов.

Ѓоко Хаџиевски со Ребека и со Игор Џамбазов на отварање на ноќен клуб во деведесетите 

Кристина Арнаудова на својот фејсбук профил објави стара слика со продуцентот Роберт Билбилов. Роберт меѓу другите песни е автор и на еден од првите хитови на Кристина „Прашина“, кој го испеа на “Макфест“ во 2001 година.

Роберт Билбилов ја напиша „Прашина“ , еден од првите хитови на Кристина Арнаудова 

Сеќавање на актерот Ванчо Петрушевски кој почина, објави Дејан Цветковски, поранешен кошаркар и сопственик на популарното скопско  радио „Скај“ од деведесетите години. На сликата, освен Ванчо е и неговиот добар пријател, актерот Гоце Тодоровски, како и сопственикот на радио „Бубамара“ Ранко Петровиќ и српскиот пејач Ѓорѓе Марјановиќ. Дружбата е по настанот „Скај, Оскар на популарноста“ во 1992 година.

Сеќавање на Ванчо Петрушевски.- со Гоце Тодоровски, Ѓорѓе Марјановиќ и екипа на „Скај радио“ во деведесетите


Влатко Стефановски, Гаро Тавитјан и Кокан Димушевски со долги коси, а Бодан Арсовски со брада беше сликата по која ги паметиме легендарните “Леб и сол“ во седумдесетите и во осумдесетите. Секогаш е убаво сеќавањето на „Као какао“, „Чувам ноќ од будних“, „Мамурни људи“.

„Легендарните Леб и сол на почетоците“ 


Мартин Вучиќ во времето на „Рано е да се врзам “ 

Дел од нашата архива е и музичарот Мартин Вучиќ, на почетокот од неговата пејачка кариера, кога во 2002 година неговата песна „Рано е да се врзам“ стана еден од најголемите домашни хитови. 

Мода од деведесетите.- Љубе Бошковски 

Облечен со црни панталони и зелено палто, типично за модата во деведесетите, дел од галеријата е и Љубе Бошковски.