Љубителите на еротиката ќе добијат бесплатен „хотлајн“ благодарение на ChatGPT

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, најави дека ChatGPT во наредните недели ќе стане значително поопуштен и поперсонализиран отколку досега.
Новата верзија ќе им овозможи на корисниците сами да го избираат тонот на комуникација — од професионален и смирен, до емотивен, пријателски или неформален, па дури и со нагласени лични нијанси.
Алтман на социјалната мрежа X објасни дека ChatGPT досега бил „премногу рестриктивен“, бидејќи компанијата сакала да ги намали потенцијалните ризици по менталното здравје на корисниците.
Сега, кога тие ризици се значително ублажени, системот ќе може да нуди многу послободна комуникација, без да ја загрози безбедноста.
Персонализација на сосема ново ниво
Новата верзија на ChatGPT ќе им овозможи на корисниците да го прилагодат начинот на кој четботот одговара: ќе можат да избираат стил, тон и количина на емоции, како и да го обликуваат односот што сакаат да го имаат со алатката.
Мод за возрасни и проверка на возраста
Најголемо внимание привлече најавата дека OpenAI во декември ќе воведе систем за проверка на возраста (age-gating). Со ова ќе се отвори простор за нови функции наменети за полнолетни корисници, меѓу кои и опции што досега не постоеја во официјалните верзии.
Според The Verge, новата верзија ќе овозможи и еротски разговори со четботот, но строго контролирано, во безбедна средина и со ограничен пристап. Ова е првпат OpenAI официјално да дозволи содржини за возрасни, со јасно поставени граници и механизми за заштита.
Со овој потег OpenAI влегува во нова фаза на развој на вештачката интелигенција, во која границата меѓу технологијата и човечката интеракција станува сè потенка. За многумина, ChatGPT наскоро може да стане многу повеќе од обичен дигитален асистент.
Извор / Freepik