Љубовната приказна на Мишко и Тања Иванови: Се вљубивме на интервју
На социјалните мрежи често објавуваат заеднички фотографии, надополнети со изливи на љубов и почит. Ако лично ги запознаете, ќе се уверите дека секој напишан збор е вистина. Љубовта е видлива во нивните очи и делуваат среќно како брачна двојка. Бидејќи и двајцата се јавни личности, а професиите им се „испреплетуваат“, за себе велат дека се 3 во 1 - и партнери и другари и соработници.
Мишко Иванов, успешен новинар, магистер по односи со јавноста, завршил правен факултет на УКИМ Скопје. Во неговото портфолио се запишани: Награда 8 Ноември на град Штип за придонес во новинарството, Награда на емисијата „Бекстејџ“ за најдобар ТВ проект – „Патот до успехот“. За истата емисија освоил и „Златна Буба Мара на популарноста“. Последната е и најзначајна - Државна награда за новинарство Мито Хаџивасилев Јасмин.
Проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова, редовен професор на Институт за социологија, Филозофски факултет, УКИМ Скопје. Била студент на генерација. Во брак се 12 години.
Мишко Иванов моментно е актуелен со поткастот „Бизнис муабети“, одличен заеднички проект со сајтот Фактор.мк. Нивната заедничка цел е да ги разбијат табуата во Македонија дека и ние имаме успешни бизнисмени и дека треба да ги гаиме. Вели дека има многу успешни приказни, само што кај нас убави вести не наоѓаат место по медиумите.
ЖМ: Вуди Ален во една пригода истакнал: „Срцето го сака она што го сака. Нема логика во овие работи. Се запознаваш со некого и се вљубуваш.“ Мишко, кога и каде се запозна со Татјана и дали веднаш се вљуби во неа?
Мишко: Се запознавме на снимање, јас како новинар во економска редакција на А1 ТВ, таа како универзитетски професор. Беше тоа септември, 2010 година. Се подготвуваше „Индекс“, економски магазин на А1 ТВ, а тема беше Скопје 2014 од социолошкиот дискурс. На колегиум договараме кој што ќе работи, јас требаше да најдам социолог. Еден колега ми предложи да ја побарам Тања Стојановска, бидејќи е одличен соговорник. Ја побарав, но таа ме одби бидејќи не беше во Скопје и ми даде броеви од нејзини колеги. Но, како велат кога треба да биде - ќе биде. Јас упорен пак и ѕвонам и ѝ велам: „Овде Мишко од А1 ТВ, ми треба изјава, таа зачудена од мојата упорност прифаќа.“ Ми рече дојдете вторник, а јас појма немам која е таа. Отидов да ја снимам и кога се видовме, двајцата подзастанавме неколку секунди. Се гледавме, како да сме се барале со години. Службениот дел го завршивме и се поздравивме. Потоа почнавме и приватно да комуницираме и приказната продолжи.
ЖМ: Како започна вашата врска, колку време бевте заедно пред да стапите во брак?
Мишко: Околу 2 година бевме во врска, а 6 месеци живеевме заедно. И бракот природно се наметна.
Целиот текст на ЖЕНСКИ МАГАЗИН