Љубовта започнува на 80 години: Кирк Даглас замина во вечните легенди
Замина во
вечноста една од најголемите холивудски актерски легенди. Кирк Далгас почина на
103 години, имаше богат профсионален и приватен живот, многу подеми и падови,
многу болести, но долговечноста ја припишува само на една жена- неговата љубов,
сопругата Ен Бајденс Даглас.
Со нејзнина поддршка, легендарниот актер ги преживеа најтешките животни предизвици.
Роден Исур Демилевич Демски, Кирк Даглас е син на неписмени руски имигранти и има одиграно некои од најпознатите улоги во кино историјата, од Спартак и Винсент ван Гог до Док Холидеј.
Својата долговечност му ја припишува на „прекрасен брак“ кој траеше повеќе од 60 години!
Актерската иконата Кирк Даглас тврдеше дека живеел 100 години, благодарение на неговата сопруга Ен Бајденс Даглас (100), со која успеа да се опорави од сите тешкотии што му ги зададе животот.
Преживеа мозочен удар што му го наруши говорот и го натера да престане да глуми пред две децении. Тој се опорави без поголеми последици од несреќата со хеликоптерот во 1991 година, а смртта на неговиот син Ерик во 2004 година остави огромна празнина.
„Среќен сум што најдов духовен другар пред 63 години и верувам дека нашиот прекрасен брак ми помогна да преживеам“, напиша Даглас по повод неговиот 100-ти роденден.
Тој се запозна со животната сопатничка во 1953 година за време на снимањето на Акт на љубовта во Париз, две години по првиот брак со актерката Дајана Вабстер, со кого ги доби синовите Мајкл и Џоел. Славниот актер изјави дека веднаш бил привлечен кон нејзината смисла за хумор. Инаку синот Мајкл Далгас зачекори по неговите актерски стапки и стана славен исто како и неговиот татко.
Силна хемија и хуманитарна работа
Иако убавицата од германско потекло го виде Кирк згодн и шармантн, таа не сакаше да се плетка со холивудските актери. Сепак, хемијата беше посилна, па една година подоцна, во 1954 година, тие го изговорија судбоносно „да“ во Лас Вегас.
- Никогаш не мислев дека нашиот брак е единствен. Се заљубив во една девојка и по повеќе од шеесет години сè уште ја сакам - откри познат актер во едно интервју.
Пред четири години, тој објави поетска книга наречена Животот може да биде стих, која ја посвети на сопругата, а во една од неговите песни истакнува дека љубовта започнува на осумдесет годишна возраст.
Во последните две децении, Кирк и Ен се посветија на филантропија. Тие изградија 400 училишни игралишта во Калифорнија и формираа центар за третман на Алцхајмерова болест. И двајцата се одлучија дека по нивната смрт, средства ќе припаѓаат на некоја добротворна организација.