Љупчо Алексовски прв на ски патеката во Копаоник

Копаоник во Србија е добро познато туристичко скијачко место каде љубителите на зимските спортови можат бескрајно да уживаат во сето она што им го нуди планината, но и организаторите.

Токму таму се одржа скијачката трка за туристи и во машка категорија првото место го освои нашиот Љупчо Алексовски, на второто место е Душан Ѓорѓев, а третото место го освои Младен Савуљćиќ.

Во женска категорија првото место го освои Јелена Јовановиќ, второто место Тијана Ачански и третото место го зазеде Анастасија Милановиќ. 

Првите места во машка и во женска категорија освоија ски pass 10 во сезоната, за следната сезона.