Спорт // Спорт
Лоши вести(ФОТО): Ердон Даци сериозно се повреди, следува пауза за македонскиот репрезентативец
Ердон Даци, македонски репрезентативец и член на белгиски Вестерло, има тешка повреда, нашиот репрезентативец на тренинг ги скинал предните вкрстени лигаменти.
Повредата е од таква природа што веројатно за Даци сезоната е завршена, ова е катастрофална информација пред продолжението на квалификациите во Лигата на нации.
Даци добро ја започна сезоната, постигна гол, беше еден од најдобрите минатата сезона во Вестерло.