ЛШ: Шкупи фаворит, Линколн од Гибралтар мора да падне вечерва во Скопје

Македонскиот фудбалски шампион, Шкупи денес од 20.45 часот го пречекува Линколн Ред Импс од Гибралтар на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, средба од квалификациите за Лигата на шампионите. 

Шкупи е фаворит во овој двомеч, тренерот Гоце Седлоски најавува победа.


„Ја подготвувам екипата, мораме да го дадеме максимумот, да ги одиграме овие 90 минути квалитетно, ова е само прво полувреме од пресметката. Со победа би биле задоволни, пред нас имаме незгоден тим, агресивен тим, доста трчаат и знаат да се бранат. Имаме нови 11 играчи, земавме играчи таму каде што ни требаа и мислам дека Шкупи ќе биде повторно силен, костурот на екипата е задржан“ рече Седлоски на прес конференцијата.

Подобриот од двомечот има дуел со Динамо Загреб во следното коло, што е секако атрктивни за двата клуба, Шкупи се надева на дуел со шампионот на Хрватска, а за да стигне до таа средба, треба да го елиминира Линколн.

Инаку пренос на некоја македонска телевизија нема да има, Шкупи ТВ прават за овој дуел ги продаде на ТВ Суперспорт од Албанија.