Луѓето се плашат од ајкули и авиони, но дали знаете кој е најголемиот убиец во светот?

Луѓето понекогаш се плашат од работи со кои никогаш нема да стапат во контакт, додека ги запоставуваат вистинските проблеми.

На социјалните мрежи кружи видео кое графички го прикажува и ги споредува годишните причини за смртни случаи на луѓе ширум светот.

Податоците од Светската здравствена организација, National Geographic , Би-Би-Си и други доверливи извори јасно кажуваат дека работите од кои луѓето се плашат, честопати не се толку смртоносни.


За разлика од змиите, ајкулите и слични на чудовиштата, срцевите и кардиоваскуларните заболувања убиваат околу 18 милиони луѓе годишно, што е повеќе од сите други причини за смрт.

Авторите на ова видео, пак, тврдат дека податоците се нецелосни, или дека има и други причини за смрт, но дури и оваа „скратена“ табела јасно покажува од што всушност треба да се плашиме, пренесува „dnevnik.hr“.