Луис Хамилтон и Серена Вилијамс се наддаваат за Челзи: Кој ќе го замени Роман Абрамовиќ?

23-кратниот победник на Грен слем турнирите и седумкратниот светски шампион во Ф1 се согласиле да инвестираат во конзорциумот предводен од поранешниот претседател на ФК Ливерпул, Сер Мартин Бротон, ексклузивно открива „Sky News“.

Сер Луис Хамилтон и Серена Вилијамс, две од најголемите светски спортски ѕвезди, вложуваат милиони фунти и се борат да станат нови сопственици на фудбалскиот клуб Челзи.

„Скај њуз“ ексклузивно може да ја открие целосната листа на инвеститори кои ја поддржуваат понудата за преземање на Челзи предводена од Сер Мартин Бротон, поранешен претседател на ФК Ливерпул и „Бритиш ервејс“ - од кои најистакнати се седумкратниот светски шампион во Формула 1 и поранешниот женски светски рекет број еден.

Извори блиски до клубот рекоа дека Сер Луис и г-ѓа Вилијамс - членовите со највисок профил на која било од трите преостанати конзорциуми - ветиле милиони фунти, иако портпаролот на Ф1 возачот рече дека предлогот дека тој ќе инвестира 10 милиони фунти е „ не е точен“.

И Сер Луис, кој ќе се натпреварува за неговиот тим Мерцедес на „Emilia Romagna Grand Prix“ во Имола овој викенд, и г-ѓа Вилијамс, која освои 23 Грен слем турнири, вклучувајќи седум титули на Вимблдон, станаа етаблирани инвеститори во последниве години.

Нивното учество во аукцијата на Челзи е неочекувано - не само затоа што Сер Луис е навивач на Арсенал.

Извор близок до клубот рече дека наддавањето на Сер Луис и г-ѓа Вилијамс е сериозна инвестициска одлука поради нивното искуство во градење на светски спортски брендови.

Тие исто така истакнаа дека не е првпат познати спортисти да поддржат клуб од Премиер лигата: Леброн Џејмс, кошаркарската легенда, е мал акционер во Ливерпул повеќе од една деценија.


Извор: news.sky.com