Луис Витон им нуди на мажите нешто поразлично: Електрик и Камуфлажа
Како изгледа последната визија на Вирџил Абло за претстојната сезона…
За колекцијата „Луис Витон 2020“, Вирџил Абло се сврте кон традицијата на познатиот бренд, потенцирајќи го кроењето по кое се познати, вешто менувајќи ги класичните кодови на машка облека. Следејќи ја бајковитоста од детството, мотив виден во претходните колекции, наративот за новата линија достигнува период на рана адолесценција, односно во периодот кога конвенционалниот корпоративен кодекс на облекување започнува да провоцира еволуирачка, експериментална облека.
Две најнови теми се фокусирачки - LV Electric и Camo Mamogram. Иако двете капсулни колекции се одвоени едни од други, тие содржат иста основа со која уметничкиот директор комбинира наследство и модерност, со упатувања на уметноста и традицијата.
Колекцијата Електрик содржи графички дела кои нè поврзуваат со модерната уметност, со контрастно прилагодени костуми што укажуваат на влијанијата на кубизмот. Името на Луис Витон е скршено, така што геометриските букви се навезени на секојдневните парчиња, кои веројатно брзо ќе станат омилени.
Колекцијата Камуфлажа се појавува со навистина софистицирани парчиња. Иконскиот дизајн внесе нов живот во монограмот на брендот, надополнет со свила.
Пристапот на Абло кон луксузот е и авангарден и безвременски, дизајниран за сите типови мажи - од млади до зрели луѓе кои го направија Луис Витон каков што е денес.