Луксуз над и под земја: Погледнете ја оваа вила
Сместена во скриен карпест залив на островот Серифос, модерната куќа, која наликува на луксузна пештера, едноставно воодушевува
Со силни северни ветрови, потребно беше засолниште кое нуди заштита од нив, што ги натера архитектите на Молд да ја создадат оваа вила во внатрешноста на земјата, наместо на неа. nVaved villa е дизајнирана како правоаголна мрежа на падината, создавајќи тродимензионална „шаховска табла“, која се состои од празнини и исполнети простори, кои всушност ги претставуваат просториите и терасите.
Едната страна од куќата е „исфрлена“ од падината, за да се добие прекрасен поглед на морето. Каменот се користеше за создавање на долги линеарни sидови, кои исто така го насочуваат вниманието кон прекрасната надворешност. И додека надолжните sидови се цврсти и отпорни, попречните фасади се далеку полесни, бидејќи се направени од стакло.
Предниот дел на куќата е отворен, откривајќи поглед на морето подолу, додека прозорците од спротивната страна се отвораат кон затворените градини, кои промовираат проток на свеж воздух и продирање на природна светлина во внатрешноста. Отворено лебдечко скалило во внатрешноста ги поврзува двата ката, додека од надворешната страна може да се пристапи до сите нивоа.
Спалните соби имаат лизгачки стаклени врати. Затворените градини се однесуваат како светлосни бунари, дозволувајќи и на природната светлина да навлезе во повеќе скриените простории на пониските нивоа.
Изградбата на овој проект започна во 2018 година и заврши минатата година.
Погледнете во нашата галерија зџа да ја видите и внатрешноста: