Луксузна палата која остава без здив: А, посебно гаражата и ентериерот
Во последно време, животот во предградијата стана многу попопуларен ...
Куќите кои овозможуваат пристап до прекрасно парче земја во заспано маало се секако подобра опција отколку мезонети во високи згради и преполни градови, кога станува збор за живеење со малку подобро и помирно темпо.
Овој прекрасен дом во Конектикат, се продава за 15 милиони долари...
Луксузниот дом се наоѓа во Cу Канаан, недалеку од округот Ферфилд, најпознат по својата богата архитектонска историја. Оваа локација беше дом на легендарниот тим на Харвард Пет, група модернистички дизајнери, Марсел Бројер, Ландис Горес, Филип Џонсон, М. Јохансен и Елиот Нојес кои некогаш живееја во Конектикат.
Овие луѓе изградиле некои од најпознатите резиденции за време на нивното владеење.
Проектот на оваа куќа е многу поразличен од сето она што можеме да го видиме денес, бидејќи ова е дом со над 1.672 квадратни метри, инспириран од стилската европска архитектура, што е сосема спротивно од повеќето модернистички единици кои се дел од најпознатата архитектура во Конектикат Влезната област, на пример, има висок таван, закривено елегантно скалило и грандиозни столбови, а веднаш до овој главен дел има музичка просторија, простор за големо пијано, кој може да се пренамени во мала канцеларија, заедно со дневната соба.
Десното крило на оваа луксузна вила има елегантен простор за јадење и кујна - опремено со теретана, спа и сауна. Две канцеларии се наоѓаат на првиот кат, заедно со двоспратна библиотека и нејзиното спирално скалило што понатаму води до винарската визба подолу и примарната зона за спиење одозгора. Во надворешноста можеме да видиме спектакуларно дизајниран базен, тениско игралиште, езеро и фонтана.
Сепак, една од најпопуларните карактеристики на оваа луксузна зграда е подземната гаража, која може да собере до 25 автомобили, што ја прави идеална за секој колекционер или љубител на луксузни или ретро модели.
Иако куќата во Мичиген Роуд не ја претставува архитектурата на нејзината околина, таа е целосно зачудувачка и идеална за сите богати луѓе кои ќе се решат да ги напуштат своите урбани средини и да се сместат на најелегантен начин во рамките на шест хектари, со овој посебен простор наменет исклучиво за нивните автомобили.