Луксузни апартмани само за 18 евра: Хрватска и летната сезона со многу ниски цени

Пандемијата на корона вирусот го направи своето. Земјите прават се за да може колку толку да ја спасат туристичката сезона, која речиси е уништена. Последното истражување во Хрватска покажува дека ова лето ќе биде сезона на ниски цени.

На Хвар, на пример, лани само омлет чинел 24 евра, а сега се нудат ноќевања за по 18 евра. Гостите се уште ги нема, па цените вртоглаво паѓаат. Во строгиот центар на Дубровник, каде што еден час за паркинг се плаќа 10 евра, сега ноќевањата станови од соништата се нудат и за по 20 евра.

Цели вили покрај Задар се изнајмуваат за помалку од 50 евра, а макар и да се откаже резервацијата дури и еден ден претходно, договорениот износ се враќа веднаш на закупувачот.

Целиот текст со сите детали можете да го прочитате на ФАКТОР