Луксузот на Јадранот може да чини и до 15 просечни плати: Цените за изнајмување јахти во Црна Гора се застрашувачки високи
Крстарење со јахта по црногорското крајбрежје е вистински
луксуз. Ви откриваме колку чини ова задоволство, а вие проценете дали вреди за
парите.
Еден од најпопуларните начини за релаксација на брегот е крстарење со јахти и други пловни објекти. Покрај тоа што овозможува неверојатна атмосфера, крстарењето со јахта, поради високите цени за изнајмување, е прашање на престиж.
Пловењето на јахта нуди одлични можности како посета на неколку градови, избегнување гужви, уживање во привлечноста на морето, сето тоа со голема удобност и комфорт како да сте во сопствен дом или во хотел.
Сепак, овој вид на луксуз не може да биде достапен за секого и тоа е една од најголемите недостатоци. Има и нешто поповолни понуди, за кои можеби би можеле да се одвојат пари, но доминираат оние за кои се потребни до 15 просечни плати.
Црна Гора нуди голем избор на пловни објекти, од попристапни до луксузни.
Изнајмувањето на моторна јахта во која се сместени осум лица ќе чини околу 1.000 евра за еден час. Доколку се одлучите за малку полуксузна варијанта, потребно е да одвоите околу 2.500 евра.
Цените за изнајмување јахта на неделно ниво одат и до 20.000 евра. Има и друга варијанта, а тоа е изнајмување на помали чамци чие дневно изнајмување чини околу 500 евра.
Јахтите кои можат да примат 12 луѓе, а кои обезбедуваат богати капацитети како базени, глисери, како и риболовни објекти, би чинеле околу 10.000 евра за еден час. Ваквите понуди се идеални за некои прослави или слични работи за кои би вредело да се потроши оваа значителна сума.
Треба да обрнете внимание и на дополнителните трошоци, како што се ангажирање помошници, закотвување во пристаништа, храна, пијалаци, осигурување, како и чистење на јахтата.
Цените за изнајмување се разликуваат по сезона.
Фото: Инстаграм/unsplash
Извор: стилкурир