Маестрален настап на Давид Малинковски на тркачката патека во Гробник
Македонските TWINGO CUP претставници во ТОП 10 на првата трка одржана на тркачката патека во Гробник.
Во конкуренција на 32 возачи - 7Mакедонски натпреварувачи на Twingo CUP имаа фантастичен настап на тркачката патека во Гробник, Хрватска.
За првото место на подиумот се избори Давид Малинковски со тајминг од 02:01.970, втор беше Владимир Тренески со 02:01.969, додека пак трет - Мартин Костовски со 02:04.588.
За прв пат се одржа Twingo CUP со најголем број на учесници што ја направи трката една од најдобрите досега, полна со возбуди и адреналин и фантастични поминувања помеѓу возачите.
“За влакно” ни побегна подиумот во генералниот пласман од причини што во последниот круг Давид Малинковски од 6-то место успеа да стигне на 3-та позиција на два свиоци пред крајот на трката влегувајќи во заветнина, со што добива повеќе моќ возилото, па многу големи беа шансите да заврши прв на пиедесталот. Но, еден од учесниците од купот излета, се преврте на кров при што беше дигнато црвено знаме на патеката и со тоа трката беше прекината. По правилата на ФИА се земаат резултатите од последниот круг каде Малинковски беше 6 - то пласиран.
Пласманите на останатите натпреварувачи се: Ангелче Стојковски (22), Слободан Трајковски (23), Марко Блажевски (24) и Зоран Мираковски (26).
За кратко време нашите млади и надежни возачи заедно со АКК Рено Спорт успеаа да се искачат на врвот во авто спортот и достоинствено да ја престават нашата држава.
Со овој триумф на Малинковски веќе го засема првото место во генералниот пласман со 62 бода.
Втората трка е закажана за утре (25.07.2021 – Недела) во 13:55 часот. Истата ќе биде пренесувана во живо на следниот линк: ESET CUP Grobnik 2021 - TCR // Twingo Cup // Endurance // Saturday - YouTube