Магдалена шверцувала кокаин вреден 63 милиони евра: Заносната русокоса се пофалила дека имала компанија за изнајмување на луксузни јахти во Дубаи

Магдалена Садло (29) на суд признала дека била дел од мрежа која доставувала кокаин вреден дури 63 милиони евра во Велика Британија.

Садло, занесна русокоса и поранешна реалити ТВ ѕвезда, беше уапсена на аеродромот Хитроу додека пристигнуваше од Дубаи со големо количество кокаин. Во Крунскиот суд во Карлајл минатиот петок, таа призна дека транспортирала кокаин во неколку наврати помеѓу март 2022 и мај 2023 година.

Магдалена е поранешна учесничка на полското реално шоу „Островот на љубовта“, додека на својот профил на LinkedIn изјавила дека работела во продажба пред да основа компанија за изнајмување луксузни јахти во Дубаи на почетокот на 2024 година.

Тaa во моментов е во притвор и ја чека пресудата.

На судот му било кажано дека огромни количества кокаин, кои биле внесени во Велика Британија, биле дистрибуирани низ земјата од организирана криминална банда. Неодамна, девет мажи во истиот случај беа осудени на затворски казни во вкупна вредност од повеќе од 106 години.

На поранешната англиска мисица Џенифер Јанг, да потсетиме, и се заканува 20 години затвор во пеколен мексикански затвор откако на аеродром беше уапсена со 18 килограми наркотици!

Фото:Принтскрин
Извор: Blic.rs