Спорт // Спорт
Мајк Тајсон повторно во ринг со човекот на кој му го одгриза увото

Се чини дека славиот боксер нема намера да се пензионира.
Легендарниот Мајк Тајсон потврди дека повторно ќе влезе во рингот и ќе ги вкрсти ракавиците со својот стар ривал, бокесот Ивандер Холифилд.
Тоа ќе биде нивни трет судир, Холифилд славеше во 1996 година во нивната прва меѓусебна борба, а една година подоцна имаше борба која долго ќе се памети, борба во која Тајсон одгриза дел од увото на Холифилд, по што беше дисквалификуван од мечот.