„Мајка ми ме родила во шума, а брат ми близнак по 27 дена“: Лекарите биле занемени од случајот со оваа Босанка (ВИДЕО)

Жена од Босана открила дека нејзината мајка родила дете во шума, а 27 дена подоцна родила уште едно дете, со што станала единствен случај во светот.

Бехара Османовиќ од Градачац раскажа интересна и необична приказна за начинот на кој се родила. Имено, Бехара има брат близнак, но двајцата не се родени во ист час или во ист ден. Таа тврди дека овој случај бил прв во светот и дека на него се гледа како на феномен.

- Пред да ме роди мајка ми, роди уште шест деца. Имала 9 месеци кога отишла на терен да работи. Отишла на терен со тетка и, а потоа почувствувала дека не и е добро, па тргнале дома. На километар од дома, во шумата, ме родила. Жените веќе почнале да доаѓаат да го видат бебето, а мајка ми била убедена дека носи уште едно дете во стомакот. Никој не можел да поверува, но таа го чувствувала тоа. Ја советувале да оди на лекар, а таа им рекла „нема, сама ќе се породам“ - раскажала Бехара и додала:

- 27 дена подоцна, додека работела во градината, го родила мојот брат близнак, жив и здрав. Откако се случило тоа, со брза помош не однеле во болница за да ја истражат причината за инцидентот. Ме запишале само кога сум се родила, а на двајцата датумот на раѓање го запишале на денот кога се сум се родила.

-Нема сличности меѓу нас двајца, не сме толку поврзани, дури не си ни личиме - заклучила таа.


Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Извор: Stil.kurir.rs