Мајката на Бијонсе гневна: Оваа битка не е моја, туку знам дека Бог го има својот збор
„Тешко е да се остане позитивна пред лицето на незнаењето и злото... Но, знам дека ниедно оружје формирано против мене или моето семејство нема да напредува. Оваа битка не е моја, туку знам дека Бог го има својот збор“, напиша Тина Ноулс, мајката на Бијонсе.
За ова да го напише претходи излив на неконтролиран бес од страна на раперот Канје вест кој на мрежата X го сврте вниманието кон седумгодишните близнаци на Бијонсе и Џеј Зи, Сер и Руми Картер и навредливо го доведе во прашање нивниот ментален капацитет.
Канје, кој во изминатиот месец редовно се впушташе во навредливи провокации, подоцна ја избриша својата објава, тврдејќи дека го сторил тоа „бидејќи постоела можност мојот Твитер да биде хакиран“. Тој потоа се извини и напиша: „ГО САКАМ ЏЕЈ ЗИ И СЕ ЧУВСТВУВАМ ЛОШО“.
Бијонсе и Џеј Зи, кои ја имаат и 13-годишната ќерка Блу Ајви, наводно размислуваат да преземат правна постапка против контроверзниот рапер поради неговата шокантна објава.