Мајката на Марко и Маријана 20 години ги држеше затворени: Ова е невидено страдање
Надлежните органи дознале за овој случај по смртта на мајката. Таа успеа да ги измами работниците во центарот за социјална работа, како и полицијата. Поради својата опсесија ги лиши од нормално детство своите деца, но тие го најдоа вистинскиот пат.
Марко и Маријана Станковиќ го поминале своето детство во четири sида, бидејќи нивната мајка ги заклучила во куќа во Пожаревац- Србија. Поради страв дека некој ќе ги киднапира нејзиниот син и ќерка, таа со години стоела покрај прозорците и вратите блокирани од табли секој ден за никој да не може да ги гледа од улицата и да не можат да излезат сами.
По нејзината смрт во 2010 година, целиот случај беше откриен, а Марко и Маријана успеаја вонредно да го завршат основното училиште.
Кога дошло време за училиште, им рекла на соседите дека учат во Црна Гора, па им било забрането да се смеат и да зборуваат гласно за никој да не ги открие. Таа им порачала да не го прават тоа, кога се во дворот, затоа што ќе ги украдат и ќе им ги продадат органите.
Кога дошло време да оди во војска, таа ги разделила и Марко ги заклучила во една барака.
"Сестра ми ми донесе храна. Излеговме со неа кога требаше да се вратиме наводно од Црна Гора по шест месеци на одмор. Тогаш лажевме дека редовно одиме на училиште", вели Марко, чија баба секогаш знаеше за пореметеноста на нејзината ќерка, но се срамеше да зборува за тоа.
Нивните ставови за нивната мајка се сосема различни. Имено, Маријана не ја обвинува својата мајка, „да беше нормална, не би го сторила тоа, тоа е мајка ми, не можам да ја обвинам“, изјави таа, додека нејзиниот брат не ѝ прости.
Нејзините цели беа да заврши медицинско училиште и да основа семејство со нејзиното сегашно момче, да испланира едно дете, додека Марко сака повеќе деца, да избрише сè што започна мајката и да им даде на своите деца она што не им беше дозволено.
Години на страдање и болка поради лишеното детство, тие сепак оставија зад себе се и денес може да се каже дека се полни со ентузијазам и волја за живот.