И мажите внимаваат на своето тело: Македонци кои преферираат здрав животен стил

За нив здравиот начин на исхрана и убаво оформеното тело значат вистински животен предизвик. Атрактивни се, но без напор и режим не би изледале така како што изгледаат

Некои се оженети и имаат деца, други имаат девојки, а останатите се „сингл“. Но заедничко за сите е што изгледаат убаво, имаат дефинирано тело и зрачат со самодоверба. Тоа не значи дека не се успешни во сето она што го работат. Иако некои се помалку познати на јавноста сепак привлекуваат внимание со својата појава. Овие наши мажи внимаваат на својот стил и свесни се за впечатокот кој го оставаат. Неретко можат да се видат на плажа и токму таму се гледаат целосно нивните „плочки“ на стомакот. Повеќето веројатно ќе се изненадат што се најдоа во нашите предлози, ама заслужиле. Секако, ова ни од далеку не е конечна листа на мажи со убави тела! Имаме ние многу такви, способни истовремено да вежбаат, учат, студираат, да формираат семејство, да бидат авантуристи и да бидат привлечни.

Мартин Данчев

Убаво пее, се појавил и на неколку фестивали. Своето тело го одржува со постојани вежби во теретана. Добро е воспитан, интелигентен и воопшто не се занесува.


Роберт Димитров

Сопственик е на компанија, бизниснен и голем авантурист. Често оди на егзотични патувања, а во родниот град Штип може да го видиме во неговиот кафе бар.


Бојан Илиевски

Тој е фитнес модел, се има натпреварувано на престижни светски натпревари. Покрај неговото дефинирано тело, има и исклучително добар стил на облекување.


Влатко Кузмановски

Се има појавено во многу фотосесии, рекламни кампањи и спотови токму поради неговите специфични црти на лицето и секако, совршено оформеното тело. Игра кошарка, тренира, а на плажа е магнет за погледи.


Игор Минарков

Инструктор е по кросфит. Неодамна се ожени. Работи напорно на себе, внимава на исхраната и секогаш дава добри совети за добро тело.


Мартин Бојков

Грижлив сопруг и татко. Ужива да ја забавува својата ќерка и често оди со неа на школските активности во кои таа учествува. На плажа остава моќен впечаток.


Горан Митревски

Го сака боди билдингот, а преку напорни вежби секој ден го усовршува своето тело. На својот „Фејсбук“ и „Инстаграм“ профил постојано споделува здрави начини на исхрана.


Никола Коцев

Се занимава со фотографија. Оженет е и има две деца. Живее во Свети Николе, а често може да се види како експериментира со бојата на косата.

Небојша Толески