Македонци со топ стил на Инстаграм: Мажи со осет за естетика
Гоце Делчев рекол дека го разбира светот како културен натпревар меѓу народите, а платформата „Инстаграм“ и тоа какако има вградено дел од оваа култна реченица. Таму „копјта се кршат“ на многу начини, а милиони фотографии секојдневно се пласираат на социјалната мрежа која го надмина и Фејсбук.
Многумина заработуваат со рекламирање прозиводи, некои постираат секојдневни активности, други се што ќе им текне... видеа, компилации, стикери, срциња, чуда... Разголеми фотографии, секси момци и девојки, луксуз, култура, забава, уметност, стил и мода.
И Македонците во
огромен број ги има на Инстаграм. Секој со своето, но нам ни „запнаа во око“
неколку машки стилови кои се вредни да се видат. Се разбира, не можевме сите да
ги одбереме, па се одчучивме за четворица, што не значи дека и во идните наши
изданија нема да претставиме други. А, овие момци сериозно си го сватиле и
своето тело и стилот кој го презентираат, па секојдневно ни „сервираат“
свежина... Можат да ви бидат инспирација...
Кирил Талески
Тој е од Крушево, работи таму и има баш машки боемски стил. Се граничи со благ луксуз и ретро момнети.
Мартин Трајановски
Фотограф со изострено фотографско око, но и стил. Неговиот е ултра- модерен, минималистички и во духот на новите трендови.
Исак Реџиќ
Обожува да јава коњи, да планинари, да посетува места во кои природата не се штедела. Микса тренди со ретро, спортско со елегантно, но секогаш е практичен и автентичен.
Стефан Спирковски
Спортот и вежбањето се негова опсесија. Атлетски граден, се‘ му стои убаво. Во духот на она што го практикува, така и се облекува. Спортските линии најчесто ги преферира, но изненадува со елеганција.
Небојша Толески