Спорт // Спорт
Македонија- Бугарија, на Аренаспорт со македонски коментатор, а пренос и на МТВ
Македонија вечерва го игра последниот меч во Лигата на Нации од групната фаза, противник е Бугарија, одиме на победа за потврда на второто место.
Дуелот на македонската репрезентација ќе се пренесува на две платформи, пренос ќе врши ексклузивниот сопственик на ТВ правата, Аренаспорт и МТВ која откупи сублиценца од српскиот регионален ТВ бренд кој доминира со откуп на правата.
За првпат, на две различни платформи ќе се емитува пренос на македонската репрезентација со македонски коментатори, никогаш порано немало ваков случај во нашиот етер.
На Аренаспорт пренос на премиум 3, на МТВ на својот прв канал.