Македонија -Украина со сободен влез за навивачите, пренос на Спортклуб

Љубителите на кошарката во нашата земја, и пошироко, се разбира, ќе имаат можност да го проследат последниот натпревар на нашата најдобра селекција во квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

Оној закажан за вечерва, со почеток од 18. часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје,  против репрезентацијата на Украина, исто како и претходните ќе биде пренесуван на спортскиот ТВ канал „Sportklub HD“.

Потсетување, влезот за овој натпревар е СЛОБОДЕН!