Спорт // Спорт
Македонија денеска го игра најважниот меч во квалификациите, гостува во Турција
Машката ракометна репрезентација на Македонија денес се среќава со Турција, почеток 16-00 час., втора средба во ЕХФ неделата, квалификациска за ЕУРО 2024.
Македонија е фаворит на овој дуел кој се игра во градот Ван, каде нашиот национален тим го одржа тренингот во салата на „Nur Tatar Sport Salonu“.
На првиот натпревар во квалификациите, Македонија запиша убедлива победа против Луксембург 38-24, а сега за селекторот Кирил Лазаров ова е најважниот меч во квалификациите.
„Мислам дека овој меч е најважниот во овие квалификации. Таму е жежок терен, Турците се поквалитетна селекција, но веруваме во овие момци. Чест и задоволство ми е да водам една ваква талентирана селекција“, истакна селекторот Лазаров.