Македонија до 15 подобра од Црна Гора на втората контролна средба
Младата репрезентација на Македонија до 15 години денеска го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Црна Гора.
На тренинг центарот „Петар Милошевски", избраниците на селекторот Дашмир Беари успеаа да слават победа со 2:0.
Нашите млади фудбалери одиграат квалитетно, беа подобар противник и заслужено славеа победа.
Првиот погодок го постигнавме во 40. минута од натпреварот. Капитенот Лука Атанасовски погоди за предност на Македонија од 1:0.
Победа ја потврдивме во второто полувреме. Хисар Али во 59. минута ги постави конечнитте 2:0.
Македонија: Давид Илоски, Игор Ристов, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Хисар Али, Марко Киш, Стефан Младеновски, Каменчно Андоновски, Беркај Шаини, Албион Муслиу;
Селектор: Дашмир Беари