Македонија до 18: Без голови на првиот контролен дуел против Црна Гора во Скопје

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нерешено, без голови против соодветната селекција на Црна Гора во рамките на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски може да жалат за неколкуте добри пропуштени прилики. 

Во 20. минута одличен удар на Ливарека и прва посериозна можност за Македонија на денешната средба. Манојлов во 42. минута имаше добра можност за отвoрање на резултатот, но противничкиот голман беше на висина на задачата.

Во продолжението од средбата Ливарека се најде во уште една одлична можност за погодок, во ситуација еден на еден со противничкиот голман, но немаше среќа да погоди. Фета се обиде со удар од далеку, но неговиот удар беше непрецизен над голот на Црна Гора.

Македонија: Јакимов, Серафимов, Малиќи, Џеков, Дошев, Николовски, Фетаи, Ливарека, Таири, Величковски ,Манојлов;

Селектор: Тони Јакимовски;