Македонија до 18: Два контролни меча против Азербејџан во Баку
Младата репрезентација на Македонија до 18 години (генерација 2005) ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Азарбејџан на гостински терен во Баку.
Контролните пресметки ќе бидат одиграни на 24. март и на 27. март со почеток во 15. часот.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 18 години, Тони Јакимовски за претстојните контролни дуели во Баку, Азербејџан се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Петар Јакимов (Работнички), Љупче Џеков (Академија Пандев);
Одбрана: Андреј Аризанкоски (Победа), Давор Серафимов (Вардар), Марко Стојилевски (Вардар), Абиола Бамијоко (Хелсинки, Финска), Џорџе Џеков (Академија Пандев), Хадис Таири (Охрид);
Среден ред: Адриан Зенделовски (Малме, Шведска), Лорик Мухтари (Лубек, Германија), Валон Алији (Унион Берлин, Германија), Теодор Николовски (Работнички), Мартин Ѓоргиевски (Академија Пандев), Фикрет Ливарека (Коњаре), Зани Назифи (Беса), Дино Михолов (Брегалница), Мухамед Елмас (Работнички), Лорик Каба Јакупи (Шкендија);
Напад: Хакија Цаноски (Санкт Гален, Швајцарија), Никола Величковски (Работнички);