Македонија до 19: Убедлив триумф над Грузија на стартот на квалификацискиот турнир во Скопје
Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години забележа убедлива победа над соодветната селекцијата на Грузија во натпревар од првото коло на квалификацискиот турнир во Скопје, во рамките на групата Б1 (втора рунда, лига Б).
На тренинг центарот „Петар Милошевски", избраниците на селекторот Астрит Мерко славеа победа со убедливи 4:0.
Првиот погодок беше дело на Панеска во 22. минута од мечот. Сулејмани во последните моменти од првото полувреме го зголеми нашето водство.
Во продолжението од натпреварот, Македонија постигна уште два гола за убедлив триумф на почетокот на квалификацискиот турнир. Мејер во 82. минута погодува за 3:0. Конечните 4:0 беа дело на Настовска во последната минута од дуелот.
Македонија: Кабакчи, Головска, Сулејмани, Мојсоска, Блажевска, Мејер, Ефтинџиоска, Села, Велкова, Сулејмани, Панеска;
Селектор: Астрит Мерко;