Спорт // Спорт
Македонија е екстра класа за Косово, победа со 23 гола разлика
Македонската кадетска ракометна репрезентација, покажа екстра класа, денес беа поуспешни од селекцијата на Косово со убедлив резултат 39:16, на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Рига, Летонија.
Победата изразена со 23 голови разлика, ја покажува разликата во квалитет, Косово беше недостоен противник.
Најдобар ракометар во нашиот тим беше Петковски со девет голови, голеда со по пет а Узунчев и Димковски.
На 11.08 (четврток) во 15:00 часот, нашите репрезентативци, ќе го одиграат и последниот натпревар од групната фаза против домаќинот на шампионатот селекцијата на Летонија.