Спорт // Спорт
Македонија ги започнува подготовките за Грузија и Бугарија, Милевски со многу проблеми поради повредени играчи
Македонската фудбалска репрезентација, денес ги започнува подготовките за последните две средби во Лигата на нации, гостуваме на 23 септември во Грузија, а потоа во Скопје на 26 септември доаѓа Бугарија.
Две победи на Македонија и кикс на Грузија со Гибралтар во последното коло, е идеалната разврска за првото место во групата, теоретски возможно.
Селекторот Благоја Милевски, денес од 12 часот го има собирот на репрезентативците, а потоа започнуваат и подготовките.
Дарко Чурлинов откажа од првичниот список поради повреда, под знак на прашање е и капитенот Стефан Ристовски, за денес се очекуваат детали околу состојбата на нашиот капитен.