Македонија ЃП - Струга ТЛ финале во Купот на Македонија

Струга ТЛ и Македонија ЃП  ќе играат во финалето на Купот на Македонија. 

Македонија ЃП која го брани трофејот од лани, одолеа кај фаворитот Шкендија и по 90 минути игра резултатот беше 1-1, а екипата од Ѓорче Петров беше подбар во пенал серијата.

Струга ТЛ  го победи  Силекс со минимални 1:0,  Меџит Незири  го постигна единствениот гол.

За Македонија Ѓорче Петров ова ќе биде петто Куп-финале, додека за Струга ТЛ прво, одат на двојна круна сезонава.