Спорт // Спорт
Македонија ЃП и со играч помалку ја задржа ЦСКА Софија во Скопје
Натпреварот Македонија ЃП и ЦСКА заврши без победник и без голови, прва средба од второто коло во Конференциската лига.
Иако важеше за фаворит, ЦСКА Софија е стопирана во Скопје,а Македонија ЃП играше со играч помалку, во судиското продолжение од првото полувреме, втор жолт картон доби Матеус Ламос.
ЦСКА Софија не ја искористи предноста од играч повеќе, а во 94. минута Македонија ЃП имаше одлична шанса да победи, но Филип Мишевски од слободен удар шутираше непрецизно.