Македонија игра на победа, за својата чест и реноме, навивачите да помогнат со коректно навивање за триумф против Бугарија
Македонската фудбалска репрезентација, вечерва од 20-45 часот ја пречекува Бугарија, последен натпревар во Лигата на нации од групната фаза, од лигата „Ц“.
Македонија е втора со бод предност во однос на Бугарија, со нерешен или победа која ја посакуваме, ќе го потврдиме второто место во групата.
Победа е потребна за следниот квалификациски циклус во главните квалификации да влеземе на ждрепката од поповолно место, ждрепката за квалификациите за ЕУРО е на 09 октомври.
Селекторот Благоја Милевски најавува офанзивна Македонија, која ќе игра на победа.
„За промени во тимот нема сега да зборувам, ќе се потрудиме да победиме. Момците се расположени и спремни, и ќе покажат дека незаслужено загубивме во Грузија. Ги повикувам нашите навивачи на коректно навивање, како што беше во Бугарија од нивна страна, да ги поздравиме спортските пријатели, а на терен да победиме“-рече Милевски.
Дуелот меѓу Македонија и Бугарија се игра на арената „Тодор Проески“, пренос со коментар на македонски јазик на две телевизии, на државната МРТ и на Аренаспорт од Скопје.