Македонија има само една опција против Норвешка

Нашите најдобри кошаркари вечерва од 18.часот, во „Нордстранд“ Арената ќе го играат последниот натпревар од овој претквалификациски циклус.

Исклучително важен од чиј што исход ќе зависи и конечниот изглед на табелата во групата „Д“ а во кој бараме победа што е единствена наша опција.

Спортклуб продолжува да ги пренесува „во живо“ натпреварите на машката сениорска репрезентација на Македонија во третиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година.

Во рамките на 6. коло од групата „Д“, Спортклуб 2 со почеток од 18.00 часот, во Арената „Нордстранд“ во Осло ќе емитува директен пренос.