Спорт // Спорт
Македонија ја победи Јужна Кореја и заврши на 27. место на мундијалот во Полска и Шведска
Македонската ракометна репрезентација ја победи Јужна Кореја со 36-33 и заврши на 27. место на светското првенство од вкупно 32 селекции.
Македонија одигра добар натпревар а можеше и пубеливо да победи, на полувреме имавме предност од само гол позитива иако водевме во еден момент и со 17-11.
Јужна Кореја во вториот дел имаше предност и еден гол во два наврати, но Македонија на крајот победи со три гола разлика.
Најдобар стрелец во македонската репрезентација беше Кузмановски со осум голови, Костески постигна шест, Серафимов пет, Талески четири додека голманот Томовски запиша 14 одбрани.