Македонија ја пречекува Грузија, дерби во Лигата на нации, сите на стадион за победа во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20 часот и 45 минути (пренос на ТВ Аренаспорт) ја пречекува  селекцијата на Грузија, трет натпревар во Лигата на Нации, а прв за нашиот национален тим на домашен терен.

На првите два меча гостувавме кај  Бугарија и Гибралтар, запишвме нерешено и победа, а Грузија има две победи, ова е дерби за прво место во моментот на табелата на нашата група 4.

Репрезентативците бараат поддршка од трибините, сакаме прва домашна победа.

„Среќен сум  кога играм на домашен терен, посакувам  стадионот да биде полн и да добиеме голема поддршка од навивачите. Очекувам да ја сочувам својата мрежа, да не примам гол, ако успееме во тоа, мислам дека ќе го добиеме натпреварот со Грузија која создава многу шанси, но и ние можеме да им наштетите, – изјави Столе Димитриевски.