Македонија ќе игра три пријателски средби до крајот на годината

Македонската фудбалска репрезентација, предводена од Благоја Милевски, до крајот на годината ќе одигра вкупно пет меча.

Покрај двата во Лигата на нации, македонската репрезентација ќе одигра и три средби од пријателски карактер.

На 22 октомври ќе се игра против Саудиска Арабија со играчи од домашното првенство, потоа ќе има уште две, на 17 ноември во Скопје би гостувала Финска, а три дена подоцна и со Азербејџан, но овие два меча треба да се потврдат.