Македонија моќна, Турција падна уште во првото полувреме

Машката македонска ракометна репрезентација, ја декласира Турција на гости во Ван, запиша втора квалификациска победа за ЕУРО 2024.

Македонија победи на гости кај Турција со 36-27, започнавме добро со неверојатни 9-0, ја најавивме победата, а ја потврдивме по 60 минути игра.

Филип Талески најефикасен со седум гола, Дејан Манасков учествуваше со пет, а со четири Томислав Јагуриновски во триумфот кој не води на чекор до пласман на ЕУРО.

Голманот Никола Митревски натпреварот го заврши седум одбрани односно со 50 отсто успешност.

По првите две кола Македонија и Португалија имаат по четири бода, Турција и Луксембург се без бодови.