Македонија на 1. мај ги дознава противниците за Олимписките претквалификации

На состанокот на централниот Борд на ФИБА, закажан за 28. и 29. април, ќе бидат познати и националните федерации кои ќе бидат во улога на домаќини, односно организатори на петте претквалификациски турнири, потврдија од канцеларијата на ФИБА во Женева.

На собирот на највисокото тело на светската кошаркарска федерација ќе бидат потврдени и последните две места, односно замените за Велика Британија која го откажа настапот на овие турнири, и Русија и Белорусија, која со препорака на Интернационалниот Олимписки комитет и потврда од Извршниот комитет на ФИБА, не доби дозвола за настап.

Овие две места ги добија националните селекции на Хрватска, како најдобро рангирана од оние кои не успеаја да го поминат вториот круг на претквалификациите за ЕП 2025, и Бугарија која има втор најдобар резултат во истиот претквалификациски циклус.

Овие две национални репрезентации ќе им се приклучат на оние 38, кои претходн о обезбедија место во претквалификациите за место на Олимписките игри во Париз во 2024 година.  

ЗЕМЈИ-УЧЕСНИЦИ НА ПРЕТКВАЛИФИКАЦИСКИТЕ ТУРНИРИ ЗА ПАРИЗ 2024

АФРИКА: Камерун, ДР Конго, Гвинеа, Мали, Нигерија, Сенегал, Тунис, Уганда

АМЕРИКА: Аргентина, Бахами, Чиле, Колумбија, Куба, Панама, Уругвај, Девствени Острови

АЗИЈА: Бахреин, Кинески Тајпеј, Индија, Индонезија, Казахстан, Кореја, Саудиска Арабија, Сирија

ЕВРОПА: Македонија, Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Исланд, Израел, Холандија, Полска, Португалија, Шведска, Турција, Украина, Бугарија

Имињата на петте земји кои ќе ја добија улогата на организатори-домаќини на петте претквалификациски турнири ќе бидат соопштени по седницата на Централниот Борд, додека пак ждрепката на групите за овие турнири ќе биде реализирана на 1. мај.

Од порано е познато дека овие пет турнири ќе се одржат во периодот од 12. до 20.август, 2023 година. А петте победници ќе имаат место во квалификациите за место на Олимпијадата во Париз.