Македонија не се ни спомнува: Тенискиот спектакл ADRIA TOUR повторно во Белград?
По успешно завршениот хуманитарен турнир, наречен Adria Tur, во која само белградската публика имаше можност да ужива, засега следната станица на тенисерите од самиот врв на АТП-листата ќе биде Задар во Хрватска. Она што ја разбуди јавноста на Балканот повторно по турнирот беше информацијата дека наместо Црна Гора, за која се планираше да биде еден од домаќините на овој тениски спектакл, домаќин повторно ќе биде Белград. Се споменуваат Бања Лука и Сараево како организатори на следните турнири.
Според неофицијалните информации, Белград бил сметан за завршниот турнир затоа што ниту еден друг град не можел да сe организира толку брзо за овој тениски спектакл, додека сè е готово во главниот град на Србија.
Македонија и Скопје не се ни спомнуваат.
Инаку, најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, собра врвни асови кои се претставија пред публиката на регионалната манифестација на која победи тенисерот Доминик Тим, совладувајќи го Филип Крајиновиќ во финалето со 4:3, 2:4, 4:2.