Македонија оди на победа, Малта да „падне“ во Скопје со помош на навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва  против Малта во Скопје го започнува новиот циклус на квалификации за Европското првенство што ќе се одржи в 2024 година.

Македонија е голем фаворит, но тоа треба да го оправда на теренот. Дуелот со Малта започнува од 20-45 часот.

„Имаме максимален респект кон противникот, но ќе нагласам дека сето она кое ќе се случува на натпреварот зависи во најголема мера од нас самите. Кога ги гледам момците како изгледаат, повеќе од уверен сум дека ќе тргнеме успешно во овие квалификации“, - изјави селекторот Милевски.