Македонија подобра од Иран, во главата фаза на светското првенство одиме со три од три во Скопје

Трет натпревар и трета победа на кадетската селекција на Македонија на Светското првенство кое се одржува во Македонија.

Во групата „Б“, во Скопје, Македонија го реши Иран со 31:19 во СЦ „Борис Трајковски“.

Со три од три, Македонија го освои првото место со шест бодови, пред Иран со четири, два освои Сенегал, без бодови е Узбекистан.

Македонската репрезентација ќе пренесе два бода во главната рунда во која за противници ги имаме Шведска и Исланд.

Утре од 20.30 часот ќе играме против Шведска, а два дена подоцна со Исланд.