Спорт // Спорт
Македонија поведе и застана, пораз од Албанија на пријателски натпревар
Женската сениорска фудбалска репрезентација на Македонија е поразена од Албанија со 3-1.
Натпреварот се одигра во Елбасан, Македонија поведе со голот на Наташа Андонова, но на крајот немаше сили за победа.
Македонија на 10. април ќе гостува во Подгорица и ќе одигра пријателски натпревар со селекцијата на Црна Гора.