Македонија позлатена: Има најмногу резерви на злато по Србија на Балканот
Хрватска ги продаде своите последни резерви на злато во 2005 година и заработи вкупно 146 милиони долари. Доколку ги зачувале златните резерви, по моменталните рекордни цени на златото, би заработиле 710 милиони долари.
Србија ги зголеми своите резерви на злато за повеќе од 10 тони и во моментов има 32 тони во вредност од 1,66 милијарди евра.
Некои земји во регионот речиси и воопшто да немаат девизни резерви на злато. Дел од нив го користеа своето злато како гаранција за позајмици и кредити.
Податоците на Светскиот совет за злато (World Gold Council), база на информации за резервите по држави, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот, односно поседува 6,89 тони.
Следуваат Словенија со 3,17 тони, Босна и Херцеговина со 2,98 тони и Црна Гора со 1.090 килограми злато заложено за кредит. За Хрватска, според официјалните податоци бројката е нула.