Се најде пред суд затоа што не се појавил на прв состанок (ВИДЕО)

Кашанте Х. Шорт од Мичиген поднела тужба против мажот кој не се појавил на нивниот прв состанок, барајќи 10.000 долари оштета за, како што тврди, предизвикана душевна болка.
Таа објаснила дека состанокот бил закажан на роденденот на нејзината почината мајка, што ја направило ситуацијата уште почувствителна.
Случајот се разгледувал на виртуелно судско рочиште преку платформата Zoom. Судијата Херман Марбл ѝ појаснил на Шорт дека тужбата е поднесена до погрешен суд и дека треба да се обрати до окружниот суд. Потоа го сослушал обвинетиот Ричард Џордан, кој се застапувал сам.
„Искрено, мислев дека ова ќе биде отфрлено. Имавме закажан само еден состанок, ништо повеќе. А сега сум тужен за 10.000 долари. Мислам дека ова е губење време,“ изјавил Џордан.
Но, Шорт реагирала бурно: „Ако тој даде лажен исказ, тоа е клевета! Моите документи можат да докажат дека лажел.“ На ова судијата реагирал: „Не, не, не… Дали воопшто знаете што значи ’клеветење’?“. Шорт одговорила со гнев: „Ве молам, не ја навредувајте мојата интелигенција!“
Судијата ѝ наредил да замолчи, напоменувајќи дека тој зборува веќе двапати без да биде повиканa на сослушување. „Во секој случај, вие тврдите дека станува збор за кривично дело, па случајот ќе го префрлам на окружниот суд. Завршивме ли овде? Завршивме ли овде? Завршивме ли овде?“ – рекол видливо вознемирениот судија пред да го исклучи Zoom повикот и да го префрли случајот на Седмиот окружен суд.
Според судски документи, Кашанте Шорт има долга историја на поднесување тужби. Во 2020 година таа го тужела Полициското одделение во Флинт за 300 милиони долари, како и телекомуникациската компанија AT&T – но сите тие случаи биле брзо отфрлени.
Извор: muskimagazin.rs