На секој метар квадратен има по една змија: Остров на кој живеат само мажи

Длабоко во Атлантскиот Океан, на околу 35 километри од бразилскиот брег, се наоѓа едно од најопасните места на Земјата – Илха да Куимада Гранде, попознат како Островот на змиите.

Овој мал остров, со површина од само 43 хектари, е дом на илјадници смртоносни змии, меѓу кои и еден од најотровните видови во светот – златната островска копјарка (Bothrops insularis)

Според научниците, на островот има по една змија на секој квадратен метар, што го прави речиси невозможен за човечко живеење.

Бразилските власти строго го контролираат пристапот до островот – на цивили им е строго забрането да стапнат таму

Единствени што смеат да го посетат се научници, биолози и припадници на бразилската морнарица, и тоа само со специјални дозволи и во придружба на медицински тим.

Легендите велат дека последното семејство што живеело таму, пред островот да биде целосно забранет за населување, трагично завршило – отруени од змиите кои влегле во нивната куќа.

И покрај смртоносната репутација, Островот на змиите има огромно биолошко значење. Таму живеат видови што не постојат никаде на друго место на светот. 

За научниците, тоа е природна лабораторија, а за останатите – територија каде владее единствено природата.