Македонија против Грузија и Бугарија и без Етеми, нови проблеми за Милевски
Македонската фудбалска репрезентација во понеделник го има првиот собир за мечевите со Грузија во Тбилиси на 23 септември и Бугарија во Скопје на 26 септември, две последни средби во групната фаза во Лигата на нации.
Селекторот Благоја Милевски има сериозни проблеми околу тимот, по повредата на Чурлинов, Тихомир Костадинов и Ердон Даци, сега на списокот се придодава и Ваљон Етеми.
Етеми не настапи за Истанбулспор на мечот со Бешикташ, а од клубот информираа дека македонскиот репрезентативец има повреда.
„Етеми има истегнување на горниот преден десен мускул на ногата, тоа го откривме откако се пожали на болки и беше на магнетна резонанца. Се надеваме дека брзо ќе закрепне и ќе се врати во тимот“ – информира Истанбуспор.
Собирот на македонската репрезентација е закажан за утре од 12 часот.